top of page
THE BOX LOGO-02.png

КУТИЈАТА
ШТО ГО
СМЕНИ
СВЕТОТ

Објект: 20`Бродски контејнер со димензии 606/244/259cm  

Локација: Приватна локација

Површина: 19,03 

montaza meso.png
02_exterier2.gif

Идеја: 

Паметен и иновативен начин како да ја промениме перцепцијата за засолниште, домување, работа.

 

Домашните и светските трендови укажуваат дека се поголем број на луѓе во светот бараат бегство во природата. Со пандемијата СОВИД-19 луѓето беа затворени дома. Принудени да живеат и работат во ограничен простор. Се повеќе луѓе се иселуваат од големите градови и купуваат домови во природата. Доколку начинот на живот не дозволува трајно домување во природа, „The box“ е решение за сите кои ја сакаат природата, кои сакаат да се дел од неа и за сите кои сакаат да ја сочуваат природата. Еколошки свесниот технолошки могус, како што е Илон Маск (вистинска инспирација за многу милениумци) живее во мобилен, off grid дом, контејнер со потрошувачка на енергија речиси 0. Да го следиме неговиот пример.

 

„The Box“ се справува со многу проблеми и пополнува многу празнини на пазарот, давајќи им можност на оние кои бараат ефикасно решение за дом, втор дом далеку од дома, деловна можност или добар социјален проект и инвестиција.

 

Карактеристики на производот: 

Минималистичко засолниште, надвор од мрежата, речиси 0 енергија, еколошки одржливо, повеќенаменско, брза реализација, лесен транспорт и дистрибуција до локацијата, модуларен концепт, со разумна цена, добра изолација, одржливи и стабилни материјали.

Рок на траење: долготрајни засолништа со правилно одржување

 

Дизајнирање по желба:

Може да порачате и контејнер базиран на вашите лични потреби. Тим од архитекти и инженери го изработуваат проектот и го изведуваат согласно бараниот надворешен и внатрешен дизајн. Контејнерот се транспортира до локацијата.

 

Животот во природа:

The Box е револуционерен и иновативен производ кој има за цел да понуди повеќенаменско засолниште (дом/простор за живеење, деловен простор, студентски домови, хотелско сместување, викендица, безбедна куќа, социјални станови итн.).

Дизајниран да може да функционира надвор од мрежно поврзување (електрика и водовод), контејнерот е наменет да создаде нов, подобар, поефикасен и почист свет.

The box, е револуционарен начин наменет за сместување (домување, работен простор, студенски соби, викенд-куќи, хотелско сместување). Контејнерот е мобилен дом кој овозможува живот во природа. Дизјниран да функционира off-grid (независно од мрежата за електрично снабдување и снабдување со вода), оваа кутија со својот минимализам станува дел од природата.

 

  • Живот во природа

  • Мобилност

  • Минимализам

  • Не е потребно Одобрение за градње

  • Дизајн кој ги следи вашите потреби

  • Не е потребно поврзување со мрежата на елекртична енергија, водовод и канализација

  • Приближно нула потрошувачка на енергија

  • Брза и едноставна реализација

 

Основниот модул е 20’ бродски контејнер кој со понатамошната мултипликација овозможува следење на вашите потреби доколку вашата фамилија или вашиот бизнис се зголемат.  Модуларниот систем дозволува бескрајни просторни промени. Дизајниран и изработен специјано за вашите потреби, The box e реализација на вашите соништа. 

 

 

Вкупна површина 19,03

 

  • 10,37 дневен престој

  • 2,10m² тоалет и

  • 6,56 тераса

 

fitr.png
bottom of page